Адвокатот на одбраната во случајот „27 април“ Еленко Миланов смета дека исказот на единствениот сведок на Обвинтелството, Александар Василевски – Нинџа е дискредитиран и не може само врз основа на него да се донесе осудителна пресуда.

Од она што јас досега го видов во оваа постапка, мислам дека единствениот доказ на Обвинителството, Александар Василевски Нинџа е деградиран до крајни можни граници и сметам дека неможе да биде основа за една осудителна пресуда само со тој исказ, изјави Миланов во пауза на денешното рочиште.

Во изјава за медиумите, Миланов оцени дека процесот досега регуларно се одвива и оти сведоците на денешното рочиште покажале што реално се случило на 27 април 2017 година во Собранието.

Митко Чавков беше јасен и дециден дека никогаш ниту имал комуникациија ниту се познава, а за лицето Александар Василевски Нинџа знае само од полициските извештаи околу неговите криминални дејствија. Тој ја објасни постапката и постапувањето на полицијата на тој ден и дека без отворање на вратите, ништо немаше да се случи во Собранието што според неговото тврдење, а верувам и општо познато е дека тоа било изненадување и за самите полициски службеници кои биле на лице место, рече Миланов