СДСМ за вчерашниот партиски избор ги стави на располагање целокупниот државен апарат.Па така, се гласаше по училиште, домови на културата, па дури и во самите општини, како на пример во Тетово.

Во сето ова најскандалозно е гласањето по училишта и за тоа одговорност треба да преземе министерката за образование Мила Царовска.Да има и малку морал, таа уште денеска ќе поднесе оставка.Но, зборот „морал“ по се изгледа не постои во речникот на функционерите на СДСМ.

Ова претсавува класичен пример на злоупотреба на државата за партиски цели. Пред да дојдат на власт на првите луѓе на СДСМ устите им беа полни со зборови дека партијата треба да биде одвоена од државата. Но, очигледно е дека тоа за нив биле само обични флоскули, а во пракса е нешто сосема друго.

Затоа оставката е најмалото нешто што треба Царовска да го направи.И не само поради вчерашниот скандал.Граѓаните не и го забораваат сето она што го направи со укинувањето на историјата како посебен предмет, конфиктот во кој влезе со МАНУ, намерата да ја укине катедрата за Македонски јазик при УКИМ.

Затоа мила Мила, оставка ведаш.