„Вчера бевме сведоци на еден нервозен реалити стенд ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и тој е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија“, изјави за време на денешната посета на Прилеп, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Но, годините потоа граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа дека станува збор за човек кој што освен распродажба на националното достоинство, националната чест се служи многу со лаги иманипулации и тоа е насекаде очигледно“, рече Мицкоски.

Ја пропушти можноста во Битола да се извини за сите оние неправди кои што СДСМ во минатото од времето на транзицијата им ги приреди на Битолчани. Се надевам дека во деновите кои што следат ќе успее да собери малку храброст и доблест и да им се извини на граѓаните во Република Македонија за сите оние лаги и неправди кои што им се случија изминатите две години, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е меѓу граѓаните разговара и сето она кое што го слушаме од граѓаните ќе дадеме се од себе да на следните парламентарни избори ја подготвиме најобемната и програма која што има најголем број решенија за реалните проблеми на нашите граѓани.

Тој ги повика прилепчани на 21 април и на 5 мај да гласаат за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа како што рече ќе му дадеме можност на Заев да распише предвремени парламентарни избори.

„Долгата приказна накратко Зоран Заев е нервозен, Зоран Заев и неговиот деспотски избран кандидат знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните, се заканува, препелка, уценува, притиска, ги користи безмилосно државните ресурси, но и сето тоа му е попусто, сите нив на купче народот заедно со опозицијата ќе го порази на 21- април а потоа тоа ќе го потврдиме и на 5 мај“, рече Мицкоски