Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, на неговата фан-страница на „Фејсбук“ се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири.

Тој фотографиите од црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци со лустерите во позадина ги сподели на социјалните мрежи.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб, а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. „Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски на „Фејсбук“.