Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изјави дека Зоран Заев со Законот за Јавно обвинителство покажува страв, од докази кои вели ќе го докажат неговиот криминал.

„Паднаа маските, Зоран Заев се бори за амнестија“, рече Мицкоски.

Тој вели дека она што Заев го предлага е Закон за амнестија за Заев и неговите соработници.

Мицкоски рече дека за овој закон имаат многу забелешки, но и за членот 110 со што се предвидува разговорите да не важат за докази.

Кажа дека она што е јавен интерес, да биде дел од доказната постапка.

Вели дека ако важат „бомбите“, треба да важат за сите.

Инститира правен тим да се состави и да помогне за ова законско. Tврди дека има време ова да се реализира.