Имам една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека Зоран Заев создава изгубена и упропастена држава. Добрата вест е дека ќе ги победиме. И ќе ги победиме силно,порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на роденденот на коалицискиот партнер Подем.

Ова мора да престане затоа што е премногу. Затоа мојата, нашата борба е за Македонија која вистински ќе оди напред. Мојата визија е за Македонија која ќе биде членка на Европската Унија, држава која сериозно ќе се бори против криминалот, корупцијата и неправдите. Овој канцер кој ја гуши земјава десетици години мора да биде победен-порача Мицкоски во обраќањето.