-Владата на Заев го губи политичкиот легитимитет и кредибилитет, затоа што не ги оправда очекувањата за кои доби доверба од народот, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за дневниот весник „Политика“.

Мицкоски додаде дека власта се изборно декласирани во градот Скопје, но и други големи градови во државата, а онаму каде сега има втор круг ВМРО-ДПМНЕ влегува како апсолутен фаворит.

-Овие локални избори потврдија дека народот се спротивставува на политичарите кои немаат слух за неговите барања, но и фактот дека завршува времето на лагите и непринципиелноста во политиката. Загубениот кредибилитет преку локалните избори, очекувам да се преслика и на парламентарната власт, односно многу скоро тие промени ќе продолжат и на централно ниво, појасни Мицкоски.