„Нема да победи изборот на Заев, туку народот ќе одлучи, а овие 6 дена народот веќе покажа дела следниот претседател на Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Ѓорче Петров.

„Избраа кандидат за претседател во мафијашки стил во еден скап луксузен скопски хотел. Деспотот си го избра, а потоа ја собра коалицијата на тркалезна маса и одлучија Стево ќе биде. Е нема да биде Стево, Гордана ќе биде. Затоа што народот е тој кој што кажува кој ќе биде, а народот на 21 април па на 5 мај веќе гласно кажа овие 6 дена и тоа ќе го потврди тогаш, Гордана ќе биде. Гордана Силјановска Давкова“, истакна Мицкоски.