Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментираше видеото на Седат Пекер објавено денеска во кое вели дека се среќавал со Заев кај него дома.

Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници кои се осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?

Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?

Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.

Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада.