Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие нема да поддржат отворање и интервенции во Уставот се додека Европската Унија не даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да бидеме предмет на дополнително вето од источниот сосед.

-Кога некој од Европа и од Брисел ќе дојде и ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија тогаш ќе можеме да седнеме и да разговараме за се. Дотогаш нема промена на Преамбулата и нема интервенции во Уставот, рече Мицкоски.

Запрашан за условувањата од страна на пратениците Албанци дека ќе поддржат ставање на други народи во Преамбулата само доколку албанскиот јазик стане официјален во земјата, Мицкоски кажа дека тоа е непринципиелно и неевропски.

– Ако ме прашувате за процесот на менување на Преамбулата на Уставот со цел вклучување на делови на народи, па како реакција на тој процес се јавува тој процес, можам да кажам дека е непринципиелно и неевропско, затоа што вие ако верувате во европската агенда како што велат, треба да веруваат безусловно а не со услови. Тоа е суштината на тој процес, рече лидерот на опозициската партија.

Под овие околности под диктат и ултиматум, потенцираше тој, нема да се согласиме како ВМРО-ДПМНЕ и и како пратеничка група што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да се промени Преамбулата затоа што ќе биде тоа понижувачки за нас.

-Затоа што нашата цел не е започнување на преговорите, кои според Владата се започнати, туку нашата крајна цел е да биде Македонија дел од ЕУ и ние сме подготвени за тоа да разговараме да добиеме определени гаранции дека ова е последно барање дека нема да бидеме дополнително предмет на вето од страна на нашиот источен сосед, дека нема да бидеме предмет на асимилација и хегемониско однесување, дециден е Мицкоски.

Во изминативе месеци, вели тој, со нашиот источен сосед ние не зборуваме за нов автопат, за нова пруга, за нова универзитет, за туризам, ние зборуваме за негирање на Кирил Пејчинович, за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј и.т.н. што, според Мицкоски, се јасни показатели и индиции како ќе се води процесот преговори понатаму.

-Затоа ние велиме наша цел е да бидеме дел од ЕУ и тоа е наша цел и цел на нашите граѓани. Велиме пречка било внесувањето на дел од бугарскиот народ во Преамбулата а дали Македонскиот народ има гаранција ако тоа се случи, нема гаранција. Кога некој од Европа и од Брисел ќе дојде и ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија тогаш ќе можеме да седнеме и да разговараме за се. Дотогаш нема промена на Преамбулата и нема интервенции во Уставот, истакна тој.

Според Мицкоски прашањето за употребата на албанскиот јазик е предмет на Законот за јазици кој е пред уставниот суд