Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Сител телевизија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ предлага државниот јавен обвинител да ги преземе случаите на СЈО кое веќе е компромитирано и тие случаи да ги прераспредели во истата фаза во која што се наоѓаат.

Мицкоски посочи дека  сите предмети кои се покренати на ниво на обвинение до 30 јуни 2017, бидејќи тоа е законскиот рок за покренување на обвиненија од страна СЈО,  треба да ги преземе државниот обвинител, а не обвинителот кој што треба да го предводи новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

-Државниот јавен обвинител да ги преземе во фаза во која што се, дали се во фаза  на разгледување докази, распит на сведоци, завршни зборови, жалби пред апелација итн.  и согласно препораките на експертската јавност еве гледате во случајот професорот Калајџиев, тие процеси да ги распредели на обвинителствата таму каде што припаѓаат. Не се сите тие случаи организиран криминал и висока корупција. Дел од тие процеси ќе припаднат и во основните обвинителства, потенцираше Мицкоски.