Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.А. (19) и Е.Б. (17), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”, информираат од СВР Струмица.

Минатата среда во близина на Радовиш, пријавените со употреба на сила извршиле обљуба врз 19 – годишна девојка од овој град.