Аферата „Кеш“ покажува колку само ни е трул правосудниот систем кој е ставен во функција да ѝ служи на власта и интересите на Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Христијан Мицкоски додавајжи дека добивме политичари кои се над државата, со преку ноќ стекнат имот кој се брои во милиони евра, и обвинители и судии кои без основа земале државни пари а не носеле правда и заштитувале неправда.

окму затоа, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата бара:

Прво, итна, неодложна и сеопфатна истрага за аферата „Кеш“, пред се истрага за работата на обвинителите од поранешното СЈО, но и другите обвинители од редовното обвинителство и судии кои не постапуваат или молчат пред евидентната лавина на скандали и афери. Истрага и за начинот на кој се доделувале и злоупотребувале народните пари. И зошто се молчи за десетици афери. Таа истрага треба да биде и под силна лупа на Европската Унија и меѓународните сојузници, со оглед на фактот на високиот степен на инкриминираност на власта во овие процеси.

 

Второ, согласно Уставот ќе продолжиме закон со кој ќе се овозможи проверка на потекло на имот на судии, обвинители, политичари носители на јавни функции. Да го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија согласно Уставот. Мора да се врати одземеното на народот. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чувствуваат заштитени. Еве јас ќе ги повикам институциите прв да ме проверат мене и моето семејство, но на иста таква проверка да подложи и Заев, министрите, директорите, судиите, обвинителите. Се што има индиции за нечесно стекнат имот да биде вратено кај народот.

Според Мицкоски, ова е единствениот начин да добиеме правда.

Ако ова не биде прифатено од страна на Владата и Заев овие две одлуки ќе бидат реализирани во првите сто дена од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, после предвремените парламентарни избори на 12 април. Мораме да одиме напред, и да ставиме крај на криминалот и корупцијата. Борбата против криминалот не смее да има компромиси. Ќе одиме до крај и нема, аи не смееме да го разочараме народот, посочи Мицкоски.