Ако го анализираме она што денеска беше кажано од страна на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, можеме да дојдеме до заклучок дека денеска тој септември го проектираше како месец коога треба да се одржат изборите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

Ако го погледате првиот столб тоа се мерки коишто практично се насочени кон различни целни групи. Имајќи го предвид фактот дека на 30 мај завршува вонредната состојба, од 31 мај па во следните 60 дена ако имаат намера како што велат да ги одржуваат изборите во месец јуни стапува на сила Членот 8 а, од Изборниот законик кога вонредни плаќања кои не се предвидени со планот, не можат да се случуваат односно во тој случај практично собираат сите вонредни плаќања или тој кој ќе стави потпис на таква одлука автоматски прави кривично дело кое што Изборниот законик го третира како поткуп. Оттука го вадам заклучокот дека или денеска Спасовски го постави месец септември како можен месец за избори, или пак се лицемерни пред граѓаните ветуваат нешто што не можат да исполнат, истакна Мицкоски.