Мицкоски  од утрешната лидерска средба очекува разум, трезненост и свесност за реалната состојба бидејќи за една недела имаме 170 новозаболени и десетина починати.

Работите не само што не одат во позитивна насока туку спротивно. Очекувам да ги слушнам одговорите од алгоритамот што го усвоивме и на тој начин да го утврдиме првиот датум кога би можеле да се случат овие избори, додава Мицкоски за Канал 5.