Пописот е вулгаризиран во очите на јавноста уште пред да почне, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар во врска со различните ставови на директорот на Заводот за статистика и неговиот заменик во врска со одделни прашања содржани во пописниот формулар.

Јас предупредив дека сето тоа ќе се случува. Од првиот момент тие тоа го политизираат….трка по проценти, трка по бројки…Од првиот момент кажав дека овие луѓе не се способни да испорачаат. Ниту директорот ниту неговиот заменик. Ова ќе биде плод на лажен компромис, политички договор“, рече Мицкоски.