Д-р Гоце Чакароски не е советник и нема никаков ангажман во Владата.

Ова е одговорот, што го добивме од владиниот портпарол Мухамед Хоџа, по обелоденетиот скандал во битолската болница во кој на не лиценцирана лекарка и било овозможено да изврши царски рез на родилка, а меѓу главните учесници се спомена и името на д-р Чакароски.

Од информациите во медиумите може да се види дека д-р Чакароски, специјалист по гинекологија и акушерство, бил кадар на владејачкиот СДСМ уште од 2009 година. Во првиот кабинет на премиерот Заев, д-р Чакароски беше заменик министер за здравство до јуни 2018 година, а потоа, по владината реконструкција, стана национален координатор за здравство во Владата.

На оваа функција д-р Чакароски поднесе оставка во мај минатата година, а беше разрешен на Владина седница, која се одржа на 22 мај,