Побарав организирањето на фер и демократски избори да биде еден од условите за отпочнување на преговори со ЕУ. Истовремено не ја испуштив можноста да лобирам, доколку се исполнат сите овие критериуми да биде овозможен напредок во европските интеграции на земјава.
Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбите во Брисел каде се одржува политичко Собрание на Европската Народна Партија.
Ги запознав моите соговорници за отсуството на владеење на право и на изгубената правна држава, изгубената доверба на граѓаните на Република Македонија, која што практично е основен мотив истите да ја напуштат земјата. При средбата ги илустрирав оние последни 4 случаи кои што се случија пред некој ден, а тоа е гранатирањето на дуќан во центар на Скопје, запалените 2 угостителски објекти, едниот во старата скопска чаршија, а другиот во Општина Бутел. И оној вооружен грабеж кој што исто така се случи во главниот град на Република Македонија, потенцира Мицкоски.
На соговорниците им посочил дека постои оправдан сомнеж Зоран Заев сака да ги украде престојните претседателски избори.
Мицкоски денеска како што информираат од партијата се сретнал со Дејвид Мекалистер, претседател на Европската Народна Партија и истовремено претседавач со Комитетот за надворешна политика при ЕП, Иво Вајгл, известувач за Република Македонија во ЕП и со Манфред Вебер, претседател на парламентарната група на Европската Народна Партија и истовремено кандидат за претседател на ЕК од редовите на Европската Народна Партија.
Comments are closed for this post.