Власта реши да ја следи политиката на Европската унија во врска со ситуацијата во Венецуела. За Македонија, привремен претседател на оваа јужноамериканска земја во која има политичка криза е опозиционерот Хуан Гваидо.

Тоа најпрво преку твитер го најави министерот за надворешни работи Никола Димитров, дека во согласност со своите европски партнери го смета сегашниот претседател на Собранието Гваидо за привремен претседател.

За таквиот став денеска стигна потврда и од Владата.

Ставот на министерот за надворешни работи е официјалниот став на владата на Република Македонија-велат од Владата за Пресинг ТВ.

Официјален Брисел засега се уште нема заеднички став за случувањата во Венецуела. Откако Италија се спротистави, земјите на ЕУ поединечно го признаваа Гваидо и го повикуваат да распише избори.

Тоа досега во направијаХрватска, Шпанија, Португалија, Германија, Велика Британија, Данска, Холандија, Франција, Унгарија, Австрија, Финска, Белгија, Луксембург, Чешка, Латвија, Литванија, Естонија, Полска и Шведска.

Но, Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека светската организација нема да учествува во ниту една инцијатива на групите што се формираат во врска со решавањето на кризата во Венецуела, за да ја зачува неутралноста и кредибилитетот како организација која може да им помогне на сите сите страни во изнаоѓање решение.

Венецуела ја признава Македонија под уставното име. Ја покрива Македонија преку амбасадата во Софија, додека пак Македонија нема дипломатски претставник во оваа земја.