Од митингот пред Влада

Мицкоски: Оваа пролет мириса на победа

13.04.2019 / 21:31


На 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај победува Македонија и Гордана Силјановска Давкова, заедно со народот. Велеше не распипувал предвремени избори затоа што ќе не прекршел. Види дали ќе не прекршиш или ќе бидеш прекршен. Крајот ќе дојде на предвремените избори, господине Заев, порача од вечерашниот митинг пред Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И овде пред мене, јас не гледам “сурати” како што би кажал еден човек кој има втора желба да биде претседател, а со него се слагаат овие внатре, скриени во овие згради кои сега со начулени уши, туку да чујат, убаво да чујат, дека овде и насекаде во Македонија каде што бев и допрва ќе одиме има горд и убав народ, убави лица кои ја носат ведрината која е потребна на нашата земја, кои знаат дека за Македонија да оди напред потребна е казна за сите неправди, за сите грешни политики. И кога прашањето е Македонија, одговорот е народот, народот на оваа земја. Народот се вика македонски народ кој си ја сака Македонија. Скопје секогаш на пролет мириса на липи, но оваа пролет има и еден друг мирис, многу интензивен, многу продорен. Мириса на победа, победа над Заевизмот во Македонија. Заевизмот кој како диво месо го гуши секој еден граѓанин. А ќе победиме само  заедно, истакна тој.

  • Мицкоски истакна дека во оваа кампања народот видел дека Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти,како што потенцираше празни политичари.

-Позитивното е што се виде дека и Заев и Пендаровски се празни политичари. И што би рекле самите тие навистина се повеќе од 102.5% исти. И тоа е вистинскиот проблем за Македонија. Затоа што Зоран Заев не е ниту Тито, како што го викаат неговите, или пак уште помалку некое божество за фалење. Тоа е Зоран Заев човекот кој се фалеше да не му ја гибаме жицата македонска, оти изгубен во времето ќе го барал семето, кој велеше дека ќе донел живот. А што направи? Го промени името, го промени идентитетот, се срами да рече дека има Македонци во соседна Грција, се срами да ја отпее химната на Македонија, да слушне дека Денес над Македонија се раѓа, дека Македонците се борат за своите правдини. Се срами од македонската гарда за да не го навредел неговиот нов пријател Ципрас. Рацин велеше „за туѓи бели дворови копај си црни гробови“! И навистина е тешко да се гледа како понизно се пењави пред грчкиот колега, како слугата од Македонските народни приказни, за да не згреши нешто, зошто не сакал да му предизвика проблеми дома во Грција. Ама се коцка со моето и вашето достоинство. Не го донел тоа од дома. А овој народ, господине Заев,  што е со нашиот народ. Што е и со умрените, постраданите за Македонија, сегашните и оние неродените кои доаѓаат.  Што е и со Гоце Делчев кој те гледам го редиш по спотовите, или Блаже Коневски кој велеше дека името ни е големо, сакаат да ни го земат. Бесрамно ги редиш во спотовите на Стево. Тие се бореа за Македонија. Нивниот лик е потсетник на твојот срам со делото со кое го нагрдуваш нивниот завет, порача Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

„Адинг“ засадува за идните генерации

пред 14 часа
Македонија

Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

пред 1 ден
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Со СДСМ дишевме алпски „ајро“

пред 2 дена
Македонија

Ахмети го напаѓа, Таравари го брани Курти

пред 4 дена
Македонија

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

пред 4 дена
Македонија

Каде исчезна бесплатниот превоз на Данела?

пред 4 дена
Македонија

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

пред 4 дена
Македонија

Прес конференција на Курти и Мицкоски: Време е за решавање на економските прашања

пред 4 дена
Македонија

Возењето со такси во Скопје ќе стане луксуз

пред 1 нед.