Претседателскиот кандидат ја продолжи неговата кампања во Гостивар, каде што беше подржан од лидерите на Алијанса на Албанците, Зиадин Села, и лидерот на движење Беса, Билал Касами.

Во текот на средбата со граѓаните, Река потенцира дека основата на неговата кампања лежи во Република против приватна држава, и перспективна република – против празна држава.

‘’Државата не е приватна сопственост, но е наследност на сите подеднакви граѓани. Републиката не познава дозирана демокрација за статистички националитети, на кој им се даваат права онолку колку проценти се. Во една република, нема давање на права, затоа што тие права се природни права на секој државнјин на оваа држава, а не на дискрецијата на оваа владеење која одлучува: на кого, кога, и колку права ќе му се дадат. Зачленувањето во меѓународни организации не е задолжително, но доброволен. Ние одлучуваме далу ќе станеме дел од нив. се наведува во соопшштението од тимот на Река.