Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се обрати пред жителите на Кривогаштани, на кои им ја претстави изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните четири години.

Мицкоски потенцираше дека ова се можеби најважните избори од осамостојувањето на Република Македонија, бидејќи на овие избори ќе се донесе одлука дали Македонија да ја биде или не. На овие избори народот ќе бира помеѓу гордост, чест и достоинство или неправда, криминал и корупција.

Кривогаштани масовно ќе излезе на гласање и ќе го заокружи бројот 14. Уверени сме во мудроста и одлучноста на народот кој недвосмислено сака обнова на Македонија.

СДСМ ја понижи интелегенцијата на народот со манипулациите кои ги шири веќе речиси четири години. Дрско манипулирање со народот, лаги, невистини и многу криминал. Тоа е се што остави СДСМ за речиси четири години.

Зоран Заев ја потона Република Македонија во политичкото мочуриште. Ја втурна во криминал, корупција, уцени и рекет. На сето ова мора да му дојде крај и тој ќе се случи за неколку дена. На 15-ти јули во Кривогаштани и во цела Република Македонија ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е јасно.

Македонскиот народ секогаш се сплотувал кога било најтешко. Така ќе биде и сега. Без разлика на етничката припадност на граѓаните, сепак ќе се сплотат, бидејќи Македонија мора да победи. Најавуваа правда и мир, а наместо тоа донесоа рекет и трас трас судски одлуки. Го заробија судството и обвинителството за политички да се пресметуваат.

Го променија првото уставно знаме на Република Македонија и за тоа немаше одговорност. Потоа дојде територијалната распределба за која исто така никој не одговараше, а на сметка на тоа се лажеше дека ќе има вработување во секое семејство. Лажеа и тогаш, лажеа и денес. Мицкоски истакна дека СДСМ е вмешан секогаш кога треба да се посегне по национален идентитет, како што беше промената на уставното име на Република Македонија. Срамен и беден чин, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ макотрпно работеше на читанката на речена Проект – Обнова на 360 страни, во која има над 1000 проекти и мерки за секој еден граѓанин. Таа читанка е иднината на Република Македонија.

Во неа ќе најдете 25% зголемување на просечната плата, 20% зголемување на пензиите, 4 милијарди инвестиции во еден мандат, 640 милиони евра субвенции за земјоделците, стапка под 10%, ослободување од партиципација на студентите и уште многу мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните.

Таа програма е изработена од врвни професионалци, луѓе од партиските структури, од вас граѓаните и од секој кој истакнал желба да помогне. Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ има и дел во однос на историјата на Република Македонија и односите со соседите. Децидно кажуваме дека Гоце Делчев е Македонец и ништо поинаку од тоа.

Се обврзуваме да ја чуваме Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја чува Република Македонија се додека постои партијата, а таа ќе постои вечно. Ваш носител на листата во ИЕ4 е Александар Николоски. Тој е чесен и честит човек, човек на партијата од најмлади години, докажан патриот. Беспрекорен работник и човек од народот.

На 15-ти јули Кривогаштани ќе гласа за број 14 и за носителот Александар Николоски. Кривогаштани ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Да е вечно ВМРО-ДПМНЕ, да е вечна Македонија, порача тој!