идерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека оставката на Драги Рашковски е само прв морален чин, по кој оставка треба да си поднесе и цела Влада. Во изјава за медиумите тој коментираше и дека не може со својата плата Рашковски да вози џипови од 70-80 000 евра и да гради хациенди.

-Оставка треба да си поднесе цела криминална влада, не Рашковски. Тој одамна треба да биде таму каде што припаѓа, а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и да гради хациенди со по илјадници метри квадратни, да летува и да дезертира во ек на пандемија таму каде што беше и да ни кажува дека биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70-80 000 евра, ако се негови, такви информации излегоа во медиумите. Ако се потврди како точно ова е уште еден срам и блам на оваа Влада, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели ако Рашковски неколку стократно го зголемил својот имот, може само да се замисли што се случува со премиерот Зоран Заев и останатите функционери.

-Срамота е ова што се случува, оставката е прв морален чин да се случи нешто, иако од порано требаше да се случи, но ова треба да продолжи во континуитет со Владата. Она што можам да го кажам и како негов колега, се срамам што вакви луѓе се дел од Универзитетот иако сме од различни факултети, изјави Мицкоски.