Во однос на добивањето датум за почеток на преговорите со Брисел, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата Отворено на ТВ 24 изјави дека ќе постои определeна одлука која до последен момент нема да биде јасна.

Дали ќе има датум, дали нема да има датум за преговори на Македонија со Европската Унија, Мицкоски изјави дека сака  и посакува од се срце Македонија  да добие датум на преговори, а ВМРО ДПМНЕ  како партија  ќе работи и ќе лобира  кај  сестринските   партии, тоа да биде безусловен датум.

“Нам приоритет ни се интересите на народот. Интересите  на државата  ни се во прв план .Оваа опозиција и јас како претседател, моите соработници, сите работиме во насока на тоа , да се обединиме и да ја испратиме пораката дека ние е потребен тој датум. Јас сум за такво обединување, за обединување со македонскиот народ. Целта е да се обединиме околу правото и владеење на поравото“ истакна претседателот  на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата Отворено на ТВ 24.