Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка. Во интервју на Тв Алфа тој лидерот истакна дека очекува граѓаните да го поразат „заевизмот“. За Пендаровски пак смета дека е кандидат за спас на кариерата на Зиран Заев.
Очекувам една голема победа на професорката Силјановска, затоа што компаративните предности се навистина неспоредливи, вели Мицкоски. Навистина сум збунет дали Пендаровски е консензуален или не е консензуален кандидат. Вчера го слушав на едно интервју малку делуваше како да не е во сопствената кожа и кажува те бил те не бил, те ги почитувал одлуките те не ги почитувал одлуките на СДСМ и така натаму па од кога имаше малку непријатни прашања видовме дека практично е збунет и конфузен односно не знае дали е консензуален или не е консензуален. Но она што е важно е суштината е дека не само што не е консензуален кандидат туку тој е кандидат за спас на политичката кариера на Зоран Заев и аминување на заевизмот, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.