Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Регионалната политичка академија за млади истакна дека изминативе три години нашата нација ја водеше социјалдемократската влада, која беше вмешана во голем број на случаи на широко распространета масова корупција преку непочитување на владеењето на правото, ги зголемија даноците за секоја категорија граѓани, е неспособна да реализира капитални инвестиции и не донесе ниту една опиплива реформа во која било област клучна за европската интеграција.

„Тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Ќе се согласам, дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на кое било место во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат уште некој ден мандат за да продолжат со истото. Тековна работа на нашата партија, во опозиција, е да донесе суштинска и опиплива промена. Да се запре егзодусот на нашите најблескави млади во Западна Европа и Америка; да се создадат добро платени работни места со висок квалитет; да се справи со екстремните нивоа на загадување; да се намалат даноците и да се поттикне претприемништво. Ние мора да го европеизираме нашето општество одвнатре – ова е единствениот начин да ја поставиме нашата нација на брз пат кон членството во Европската унија.“