Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на власта и порачува да не се надева на ново Пржино и компромис за правдата.

„Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис“, порача Мицкоски преку фејсбук.

Слична порака испрати и генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев  кој посочи дека ова не е ВМРО од времето на Пржино, а СДСМ го нема ветерот во грб на кој тогаш едреа.