Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски негира дека извршил било каков упад во компјутерскиот систем на Централен регистар. Според него, ова можеби е политички реваншизам, иако, како што нагласува, не би сакал да верува дека станува збор за политика или за осветништво од страна на Тито Петковски и луѓето околу него.

Вчера ми се јавија од полициската станица Беко и ме повикаа на разговор. Ме држеа 9 часа. Ми кажаа дека сум обвинет за компјутерски упад во системот на Централен регистар, иако не ми покажаа ништо конкретно како доказ дека сум направил такво нешто. Јас како сопственик на фирма сум 10 години корисник на податоците од Централен регистар. Десет години сум претплатник според официјалниот ценовник на регистарот и користам јавно достапни информации, вели Јосифовски во изјава за „Слободен печат“.