Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево беше во ГОБ „8-ми Септември“ за да го види порнешниот министер Миле Јанакиески, кој беше донесен од истражниот затвор по денешниот инцидент. Но, на Мицкоски не му било дозволено да влезе во собата на Јанакиески.

„Не ми дозволија да го посетам Миле Јанакиески, никој не дојде да ни каже што се случува. 50 полициски сили имаше пред собата на Миле, чекавме директорот да добие насока од неговиот шеф Зоран Заев да ни каже, да ни го оправда ова. Докторот ни кажа дека Миле има телесни повреди по телото“, рече Мицкоски.

Државата не успеа да ги заштити животите на притворениците Јанакиески и Ристoвски, констатира Мицкоски.

Лидерот на опозицијата истакна дека најповикан за оваа ситуација е Зоран Заев, кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска мора да преземат одговорност.