Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Белград се сретна со поретседателот на Србија и претседател на СНС Александар Вучиќ.

На средбата, на која присустввуал и потпретседателот Александар Николоски, какоо што информира Мицкоски, станало збор за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

Посочив дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на зидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси. Истакнавме подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија, информира Мицкоски.

Според него, српскиот претседател дал поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.