За Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес, но договорот со Грција е штетен за Република Македонија и затоа истиот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, односно надвор од познатите принципи и начела на партијата, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во партиското седиште. На средбата станало збор за политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.
Мицкоски го повтори ставот на партиските органи во однос на референдумот дека граѓаните се доволно зрели и достоинствени за сами да ја донесат одлуката како ќе постапат на 30 септември. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа повторени критиките за владата на СДСМ и Зоран Заев, чие работење го одбележуваат секојдневни криминални афери, се наведува во соопштението од партијата. Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие стратешки цели на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.