Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му испрати честитка на Манфред Вебер, кој беше избран за кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија и во моментов е претседавач на групата на ЕНП во Европскиот Парламент

Со вас како кандидат на ЕНП за Претседател на Европската комисија сум уверен дека ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на европска интеграција напред во следните години. Ми беше задоволство повторно да се сретнеме во Хелсинки и да дискутираме за прашања кои се од значење на само за нашето политичко семејство, туку и за просперитетот и стабилноста на целиот европски континент. Со нетрпение очекувам дека ќе работиме заедно во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија – процес на кој нашата политичка партија има длабока посветеност. Посветеноста кон силна, стабилна, безбедна и просперитетна Европа секогаш била споделена во рамките на ЕНП. Заедно ќе се придржуваме кон оваа обврска и повторно ќе докажеме дека темелите врз кои Европската унија е изградена и развиена се навистина највисоко достигнување на современата демократија“, се наведува во честитката од Мицкоски до Вебер.