Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 рече дека на него лично човек му кажал дека за време на референдумот се полнеле кутиите. Потенцираше дека за ова знаело Обвинителството, но не реагирало.
Мене ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии тој ден. Не го кажувам името од објективни причини, но кога ќе има вистински реформи во судството и обвинителството подготвен е човекот да сведочи и кој го мотивирал и како го мотивирал, вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека ако се отвори истрага за овие предмети, тој е спремен да сведочи.
Ги повикувам да дојдам да сведочам, кога ќе ја започнат истрагата, подготвен сум тогаш да им кажам, нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.