Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во ТВ 21 рече дека нивниот кандидат за претседател, Гордана Силјановска Давкова е прифатена од голем број на Албанци и дека кај неа препознаваат квалитет.

 „На последната анкета која беше презентирана во еден медиум, Силјановска имаше двоцифрена бројка, позитивно мислење од Албанците, што за нас беше исклучително квалитетен и добар податок, бидејќи голем дел од Албанците во Република Македонија сепак препознале квалитет и од претходно, бидејќи била професор, а претпоставувам и откако ги презентира ставовите “, кажа Мицкоски.

Во однос на можноста за коалицирање со некои албански партии, Мицкоски вели:

„На основа на политики, а не на основа на клиентелизам, нам ни треба таква платформа за соработка“.

Според него не треба да се тргува со гласовите на Албанците, туку да се разговара за да се препознаат заеднички вистинските вредности.

„Јас сум за партнерство со сите, со партнерите треба да разговараме за економија, за работни места, за останување на младите во државата“, посочи Мицкоски.