Претседателската кампања влегува во финишот. Тројцата кандидатити имаат уште три дена за митинзи пред неделното гласање. Синоќа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска побара поддршка нагласувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска Унија, ниту НАТО.

Собранието треба да биде најспрестижната школа за демократија во која низ дијалог со аргументи со различни ставови на граѓаните се трага по консензус за најважните решенија. Не со тиранија на мнозинството, не со купопродажба на гласови, не со кршење на Уставот и законите зашто не сме ги овластиле за тоа, не сами со себе, не така како што ќе им каже лидерот на партијата на власт, зошто тоа не е Собрание и школа на демократија туку узурпиран народен простор, рече Силјановска.

Пендаровски пак од Гостивар побара да се стави крај на политиката на делби и државата да биде внатре сложна со убава меѓуетничка кохезија.

Во јуни влегуваме во подотворената врата кон ЕУ. Со тоа се отвораат огромни можности во делот на пристапните фондови, каде што ЕУ ќе ни дава европски пари да се развиеме во инфраструктура, во образование, во здравството … До 900 милиони евра на годишно ниво можеме да повлечеме, ако сме паметни, а имаме паметни деца кои може тоа да го направат, рече Пендаровски.