Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „ Вечер Прес “кажа дека на политичката сцена во Македонија има голем број на естрадни политичари кои единствено манипулираат со граѓаните и не и мислат добро ниту на опозицијата ниту на државата.
Мицкоски потенцираше дека е убеден дека времето на таканаречени естрадни политичари е завршено бидејќи има партии меѓу кои и ВМРО – ДПМНЕ кои чекаат шанса и поле за докажување и за унапредување на државата во секој поглед.
Тоа се луѓе кои без одговорност и без никаква суштина се обидуваат да манипулираат што повеќе луѓе, а зад таквото нивно естрадно однесување, стојат други центри на моќ, кои што не ѝ мислат добро, пред сè на опозицијата, но и на Македонија. Јас сум убеден дека времето на естрадни политичари и на политички измамници е завршено, бидејќи во јавноста оставаат впечаток дека сите се исти, а не се сите исти. Затоа јас лично и ВМРО-ДПМНЕ велиме дајте ни шанса да покажеме дека добрите времиња за нас како држава допрва доаѓаат рече Мицкоски.
Дополнително претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека локални избори што доаѓаат се од голема важност и дека не се обични локални избори токму поради фактот затоа што тие решаваат дали владата на Зоран Заев ќе остане или ќе си оди.
Не се сите естрадни политичари да говорат без одговорност што ќе им дојде, а во суштина да се потчинети на некои други центри на моќ, кои не и мислат добро ни на опозицијата ни на државата. Затоа јасно и гласно кажувам дека на следните локални избори во најголема мера изборот е помеѓу оваа Влада на Зоран Заев да остане или да си оди, ова не се обични локални избори заврши Мицкоски
Comments are closed for this post.