Донесувањето на Резолуцијата, која што сметаме дека треба да биде едногласно прифатена од сите претставници на различните политички партии, е во прилог на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на Република Македонија, а тоа е во интерес на сите наши граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој посочи дека, пред се, ја имаат во предвид и ја нагласуваат целосната подготвеност на македонските граѓани и целото општество за итен почеток на пристапните преговори со Европската Унија засновани врз рамноправна и принципиелна основа.

-Истовремено ги поддржуваме и поттикнуваме напорите на сите политички субјекти и граѓаните на Република Македонија за целосно исполнување на критериумите содржани во основните документи на ЕУ и условите поставени од европските институции и во духот на унапредувањето на меѓусебната соработка, почитување и дијалог. Во наведениот контекст секако ги имаме во предвид и постојаните и тенденциозни напади, како и изјави и ставови на припадници на разни меѓународни субјекти, кои како во минатото, така и денес на најнепосреден начин го негираат суверенитетот, идентитетските обележја, јазикот, историските и културни обележја на македонскиот народ, но и на припадниците на другите заедници и сите наши граѓани. Токму заради наведените причини сметаме дека Собранието на Република Македонија е потребно да излезе со единствен државен став во поглед на сите оние важни државни прашања, кои се од искчучителна важност не само за природниот и очекуван развој на нашата држава, туку и заради мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион и Европа во целина, посочи Муцунски.

Пратеникот истакна дека во резолуцијата силно ја реафирмирале важноста за целосна примена на позитивните и општоприфатени норми содржани во основните и другите документи на ООН за правото на самопределување на народите, како основен принцип на меѓународното право и принципите на еднакви права и можности, како и правото слободно да се избере сопствениот суверенитет и меѓународен политички статус без мешање од другите.

-Со голем пиедитет ги поддржуваме сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста и слободно изразена воља на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет. Се реафирмира важноста за почитување на утврдените факти, научни сознанија, усвоените теории и емпириски истражувања на современата светска славистика, линвистика и историографија. Со нагласува дека македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет и како такви потребно е континуирано да се почитуваат. Исто така оценуваме и бараме на меѓународната сцена претставниците на државата и пред се дипломатијата задолжително да водат грижа за заштитата на македонскиот идентитет кој ги носи корените од повеќевековните историски традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, расна и етничкс припадност, лингвистичко единство, етнокултурна посебност, колективен интегритет, религиски идентитет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор. Укажуваме на несозволивоста и неприфатливоста за ексклузивно присвојување на историјата, идентитетот, традициите и било каков облик на хегемонизам, без оглед на тоа од каде и од кого доаѓа. Цениме дека оваа Резолуција треба да биде прифатена со конзензус на сите пратеници, односно претставници на разни политички партии, затоа што тоа е нивни долг кои граѓаните, затоа што содржината е целосно избалансирана, затоа што како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведувањето на еден важен надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добронамерна и со позитен контекст кој може да помогне во понатамошно градење и унапредување на добрососедските односи на рамноправна и приниципелна основа и во прилог на забрзувањето на нашите евроинтеграциски процеси, нагласи Муцунски.