За што се платени политичарите од власта (како што би рекол Пендаровски) и нивните лакеи? На денот кога се навршија 150 години од раѓањето на големиот македонски син Ѓорѓи Делчев, ниту Пендаровски ниту Ковачевски се осмелија да изустат, а камоли да напишат дека Ѓорѓи Делчев бил Македонец, историчарот Ѓорѓиев (копретседател на комисијата за историски и образовни прашања) тврди дека Бугарија во втората светска војна не била фашистички окупатор, а СДСМ одбива да ја поддржи Декларацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во парламентот за великанот македонски Ѓорѓи Делчев со изговор дека тоа било факт. За истиот тој факт и Ковачевски и Пендаровски се плашат дури и да шепотат, а камоли да кажат дека Делчев е Македонецпишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-За само неколку дена на трипати ги сронија македонските преговарачки позиции што со децении беа создавани.

И да, овој срам, како што тоа бива според матрицата на вистинскиот стопан на Ковачевски, а тоа е Зоран Заев, на спектакуларен начин се постигна договор со лакејот од синдикатот за минималната плата. Со високо кренати раце лакејот и Ковачевски го прославија “невидениот” успех постигнат со Владата. Истата таа Влада до 4 февруари оваа година, за нешто повеќе од еден месец, сите македонски граѓани ги задолжи за дополнителни 135 милиони евра или секое семејство за речиси 17 илјади денари.

Предавството мислат дека ќе го покриваат со пари и така ќе купат колку-толку поддршка од граѓаните кои ги ограбуваат секој ден.