Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук ги повика Владата и министерот за здравство Венко Филипче да ги ослободат од работа хронично болните, пред се тие со белодробни заболувања.

Мицкоски во пораката нагласува дека поради загадувањето и пандемијата овие лица се во посебен ризик.

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања.
Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.
Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, October 27, 2020