Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба им се извини на сите граѓани дека денеска наместо да зборувале за справување со корона вирусот, тие зборувале за датум за избори.

Зборувавме за предизвиците, предлагавме нови датуми, но на нас како партија ни беше најважно како да го заштитиме здравјето на граѓаните. Се родија многу нови правни дилеми. Она што сакам да кажам дека ја поставивме дилемата за повторно ажурирање на дијаспората. Пред нас ги имавме извештаите од Комисијата за заразни болести кои не разочараа. Очекував дека извештајот ќе биде подетален. Тука беше и дописот од ДИК кога беше кажано дека 50-60 дена се потребни за организација на избори – истакна Мицкоски.

Тој рече дека како партија предложиле три датуми за избори.

„Ние предложивме три термини, не се фиксни и ќе ја анализираме ситуацијата со справување на корона вирусот. На 23, 30 август и 13 септември. Дати за кои сметаме дека пандемијата ќе го намали интензитетот. Имаше ултиматум од Заев, а ние под ултиматуми не работиме. Остануваат датумите за кои сметаме дека здравјето на граѓните ќе биде најмалку загрозено – додаде Мицкоски.