Како кратка и успешна средба со претседателот на ДУИ и коалициски партнер на преиеерот во заминување Зоран Заев, ја оцени средбата со Али Ахмети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој спроед Пржинскиот договор е обврзан да им ги соопшти имињата на своите предлог-министри на најголемите партиципиенти во владата.

Разговаравме за профилот и биографијата на можното кадрвоско решение што го предлагаме за технички министер во преодната влада. Го запознавме раководството на ДУИ со нашиот предлог. Очекувам успешна средна со премиерот во заминување и веднаш по таа средба ќе го соопштиме името, рече Мицкоски.