На денешната владина седница бил утврден текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.

Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор на нашата земја со НАТО, кој ќе биде пратен на усвојување во Собранието на РМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во ,Службен весник на Република Македонија’, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата, стои во соопштението на Владата.

Овој чекор на Владата во заминување во Скопје е изнуден од политичката криза во Мадрид поради неизвесноста дали Педро Санчез, в.д. премиер и лидер на Социјалистите кои освоија најмногу пратенички места на изборите во ноември, ќе успее во напорите да формира коалициска влада.

За најавите дека Собранието би можело да го усвои овој документ со одложено дејство Џафери пред неколку дена рече  дека тоа не можно и оти не треба да се прават споредби со примерот на Црна Гора.

Таму имаше друг случај. Франција и Холандија го имаа донесено протоколот само што тој не беше стапен во сила. Затоа Црна Гора го усвои членството во НАТО порано. Но, како ние ќе гласаме со одложено дејство без Шпанија да го има донесено Протоколот. Што ќе гласаме? -прашува Џафери.

Џафери уште еднаш нагласува дека нема никаков проблем и следниот парламентарен состав го усвои Протоколот за членство во НАТО.