Мицкоски: ЕУ треба да и даде датум за преговори на Македонија и да не ја уценува со дополнителни отстапки

17.11.2021 / 13:19


ЕУ треба да се одважи и да даде датум за преговори на Македонија и да не ја уценува државата со дополнителни отстапки.

Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода и додаде дека во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение, што е во рамки на Резолуцијата која беше донесена во македонското Собрание.

– Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото не убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи тие лажат, така е и овој пат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека час поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат било кои од европските политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.

– Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности, овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија  и да не не уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори, изјави Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност

пред 8 часа
Македонија

Бојан Јовановски: Во Македонија се изрекетирани повеќе од десетина милиони евра

пред 16 часа
Македонија

Ахмети на последниот ден на кампањата на митинг во Тирана

пред 17 часа
Македонија

Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од 45 до 50 градоначалници

пред 20 часа
Македонија

Филипче: На добар пат се државата повторно да ја заробат

пред 20 часа
Македонија

Уште денеска кампања, на полноќ почнува изборниот молк

пред 20 часа
Македонија

Николоски: Струмица ќе ја поврземе со два експресни патишта, едниот до Скопје и вториот од Коридор 10, преку Струмица до Коридор Струма во Бугарија

пред 2 дена
Македонија

Боки: Филипче многу љуби пари

пред 2 дена
Македонија

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

пред 2 дена