Вечерашниот ТВ-дуел меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев заврши во духот на христијанскиот празник Прочка, кој се празнува в недела.

Иако лидерите требаше да си простат, тие си разменија подароци. Заев му подари на Мицкоски значка со знамињата на НАТО и Македонија, но Мицкоски ја искористи моменталната состојба во каква живеат граѓаните откако е Заев на власт, па на соперникот му подаде празен паричник од марката „Луј Витон“. Сепак, Заев не си замина со паричникот. Тој му го врати подарокот на Мицкоски, зашто „Луј Витонот“ беше празен.

Ова е само празен, не е полн паричник, но е ова е во духот на тоа во каква живее државата. Состојбата во која живее Македонија под вас, потенцираше Мицкоски, кој го потсети Заев дека народот нема да му прости на изборите на 12 април и ќе го казни за катастрофалната ситуација во кое ја доведе државата.