Посетата на Столтенберг, Меркел и Курц значат силна поддршка за Македонија и е показател дека светот го цени она што се случува во нашата држава, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска. За на посетата на Воздухопловната бригада во Здружената оперативна команда на АРМ таа истакна дека за првпат се случува генерален секретар на НАТО двапати во една година да посети земја која сè уште не е членка на Алијансата.

Ако во јануари месец генералниот секретар Јенс Столтенберг со својата посета покажа дека Македонија има шанса да ја добие НАТО-поканата ако ја сработиме, оваа посета сакам да ја гледам како симбол, како доказ, како пример дека Македонија може да стане земја членка на Алијансата.

Шекеринска при посетата на воздухопловната бригада беше запознаена со оперативната подготвеност и мобилност која е зголемена по враќањето на четири хеликоптери на кои беше извршен ремонт.