Традиционално денес во посета на Попова Шапка, каде се чествува празникот и делото на Св. Наум Охридски. Неговото дело ни го покажува патот дека со истрајност, добрина и работа се стига до резултати и остварување на целите, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Денес Македонија одново се наоѓа на крстопат каде се носи одлука за нејзината иднина. Од оваа одлука зависи дали ќе се поддржат поделбите, криминалот, корупцијата, рекетите, или правдата, принципите, промените кои ќе донесат обнова. Нема друга влада како оваа денес која толку силно е заплеткана во милионски рекет, и толку многу нејзиното водство е вклучено во криминал. За жал тие кои го правеле тој милионски рекет, денес водат држава, и тоа не смее да се дозволи повеќе. Таквите контаминирани луѓе со криминал и рекет треба да си заминат од политиката и нормално да се соочат со нивната одговорност. 12 април е денот кога се решава за многу работи, а јас верувам во граѓаните на Македонија и фактот дека ќе ги поразат сите неуспеси и оние кои и носат порази на нашата земја.