Обвинителката Вилма Русковска за ТВ21 вели дека првообвинетиот во двата случаи „Рекет“, ниту нешто кажал, ниту пак нешто понудил за време на последните искази.

Јовановски последно во обвинителството да даде исказ беше на 20 и 23 декември, а на последното рочиште одржано вчера рече дека добивал закани за физичка ликвидација.