ретседателот на ВМОР-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Македонија има капацитет и потенцијал да произведува вакцини против ковид-19 и дека државата треба да вложи за производство.
Суштината на оставките на министрите за здравство и во Австрија и Чешка е дека не успеале да се справат со предизвикот. Ние кога почна кризата рековме дека треба масовно тестирање и во светот важеше паролата тестирај-тестирај-тестирај, од крајот на минатата година се зборува за вакцинирај-вакцинирај-вакцинирај, а сега за произведувај-произведувај-произведувај. Ние до втората не сме. И треба час поскоро наместо за провизии, државата да вложи за производство, рече Мицкоски во вчерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Тој го критикуваше министерот за здравство Венко Филипче што прво, на 15 април рече дека нема потреба да купуваме од вакцините кои ги произведува Србија, за на 16 април да рече ќе ни треба партнерство со „Торлак“.
Јас не знам дали овие луѓе размислуваат. Како вака се менуваат изјавите од ден во ден. Ако сум политичар и водам политика која не успева, се повлекувам, ако е проследена со милион скандали тогаш треба да се одговара, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, најмалку што можеа функционерите од власта е да се повлечат, а не грчевито да се борат за своите функции.
Comments are closed for this post.