Зошто Седат Пекер го бара Турција, а Спасовски не?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Седат Пекер алијас Џадин Ахмедоски имал лична карта со украден идентитет. Воедно видовме дека Џадин Ахмедовски имал и втор матичен број на име Џеладин Ахмедовски. Значи Седат Пекер ги обединува аферите „Мафија 1“ и „Мафија 2“.

Дали е точно дека турскиот мафијаш Седат Пекер имал средби со официјални лица во Владата на Заев?

Зоран Заев да каже со кои луѓе во зградата на Владата имал средби, на кои теми разговарале и како се случи по наводното негово протерување од земјава тој во полициска станица да се слика за лична карта?

Какви бизниси договарал Заев во Владата и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.