Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во собраниската расправа за измените на Кривичниот законик.Велат дека со оваа дебата се урива правната држава.
Според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски предложените измени и дополнувања претставуваат погубни акробации на Зоран Заев и СДСМ.
И со неа како што истакна на денешната прес – конференција Заев тргува со правото и правната држава.
И покрај прекршувањето на процедурите и Деловникот за работа на Собранието, како пратеници од ВМРО -ДПМНЕ, ќе се спротиставиме на ваквиот начин на функционирање на Собранието со цел граѓаните да добијат подобри законски решенија преку амандманите кои што ќе ги поднесеме во текот на процедурата. Предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик на Република Македонија имаат за единствена цел на рушење на правната традиција и поткопување на правната сигурност и функција на правниот поредок на Република Македонија односно Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена. Преку овој закон излегуваат на виделина сите дилови на Зоран Заев. Наместо подобрување на правните норми и работење во согласност со забелешките од Брисел како услови за почеток на преговори, Македонија на чело со Заев и СДСМ свесно ја носат Република Македонија во амбис, рече Мицевски
Comments are closed for this post.